Поранешниот египетски претседател, Хосни Мубарак, повторно ќе оди на суд во ноември за убивање демонстранти за време на востанието од 2011 година, кога беше соборен од власт, соопшти денеска Врховниот суд на оваа земја.
Судијата ја уважи жалбата на обвинителството против претходната пресуда, со која е одбиена тужбата против Мубарак.
Мубарак, кој владеше со Египет речиси три децении, веќе три години е во затвор поради одделни судски случаи.
Судијата изјави дека повторното судење ќе почне на 5 ноември.
Мубарак е обвинет за заговор и за убиството на демонстрантите во 2011 година.