Мубарак: Не сум наредил убивање на антивладините демонстранти

Од:

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак денеска првпат јавно зборуваше за неговото соборување од власт по масовните протести на каирскиот плоштад Тахрир, отфрлувајќи ја одговорноста за инцидентите и пукањата, во кои имаше многу убиени и повредени.

– Никогаш не сум наредил ниту пак би наредил убивање на демонстранти или крвопролевање низ Египет, рече во својата одбрана Мубарак.

Тој исто така рече дека во текот на антивладините протести во 2011 година, не бил сменат од функцијата ниту соборен од демонстрантите, туку доброволно се повлекол од функцијата за да се „избегне Египет да се најде во амбисот“.

Ова е прв пат некогашниот претседател да ги коментира настаните од пред 3,5 години.

Хосни Мубарак во судот беше во болнички кревет,сместен во специјалниот кафез,откако неговите лекари кои беа во судницата дозволија тој да се појави на судењето.

Ова е повторено судење на Мубарак кој 30 години управуваше со земјата,отако на функцијата беше избран по атентатот врз неговиот претходник Анвар ал Садат. На првото судење,Мубарак кој е обвинет за давање наредба да се пука по антивалдините демонстранти,беше осуден на доживотен затвор.

Пресудата беше поништена во почетокот на 2013 година,откако жалбениот суд во Каиро утврди дека се направени низа „процедурални пропусти„ во текот на првото судење.

Поранешниот министер за правда Хабиб ал Адли кому му се суди за истото кривично дело како и на Мубарак,рече на денешното сослушување дека според неговите сознанија и доказите со кои располага,бунтот во 2011 година е заговор под раководство на Муслиманското Братство,помогнато од палестинската исламистичка организација Хамас која управува со Газа.

Судот соопшти дека пресудата че биде позната во втората половина на септември.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро