Апелацискиот суд ја укина денеска тригодишната затворска казна за соборениот египетски претседател Хосни Мубарак осуден за корупција и побара повторно судење, еден од последните чекори за негово пуштање на слобода.
Судот ја соопшти својата одлука на кусата седница, која во живо ја пренесуваа неколку египетски ТВ мрежи.
Мубарак беше осуден на три години затвор, а неговите синови Ала и Гамал, на кои денеска исто така им е укината пресудата, на по четири години затвор.
На Мубарак затворската казна му беше изречена во мај минатата година, откако е прогласен за виновен за проневера на јавни фондови за околу десет милиони евра, наменети за одржување на претседателските палати во Египет.