Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак ќе излезе од затвор во следните 48 часа откако е ослободен по обвинение за корупција.
Адвокатот Фарид Ел Диб тоа го изјавил откако судските власти наложиле пуштање на слобода на Мубарак по основа на една од двете преостанати обвиненија против него за корупција.
„Единствената законска основа за задржување на Мубарак во притвор би можела да биде уште едно обвинение за корупција“, рекол Ел Диб, додавајќи дека тој случај нема да биде завршен на крајот на неделата.
Сега, како што вели тој, преостанува едноставна административна процедура, која не би требало да трае повеќе од 48 часа.