Му го покрала целото богатство на првата бранчна ноќ

Од:

Британски државјанини бил држен како заложник, од семејството на својата штотуку венчана сопруга од Тунис, кои му се заканувале дека ако не им го препише целото богатство ќе му ги исечат сите прсти на рацете, еден по еден.

Пол Фицпатрик, 56 годишен, вчеравечер по враќањето од Тунис им раскажал на британските медиуми, дека на првиот ден од медениот месец, семејството на навестата 30 годишната Мбрака го заклучиле сам во спална соба и го чувале заробен 10 дена.

Раскажал како семејството му ја побарало сета животна заштеда. Едвај избегал, и со посредство на Британската амбасада веднаш се вратил во Британија.

Пензионираниот правник им раскажал на новинарите: „Бев преплашен, јас навистина мислев дека ќе ме убијат“,

„Ми рекоа дека ќе ми сечат еден по едне прст ако не им ги дадам моите пари“

Семејството на младата невеста од Пол ја извлекле неговата животна заштеда од приближно 20 илјади фунти, му земале и се што имал со себе, пари, телефон, лап топ.

Пол, разведен пензионер, ја запознал Мбара на одмор во Тунис, минатата година. Во меѓувреме останелe во контак и таа постојано му велела како и недостига. Тој се вратил во Тунис повеќе од десет пати и во април одлучиле да се земат. Во меѓувреме постојано и праќал на неговата двојно помлада љубовница пари за кирија и за одржување.

Но кога се вратил за да ја оконча љубовната врска со брак, романсата од соништата се претворила во кошмар, кој го чинел сета животна заштеда. Тој својата исповед на медиумите ја завршил со зборовите: „Бев глуп. Мислев дека ме сака, но јас бев само еден од редицата мажи кои наместо главата, ги води нешто друго“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот