Мртво бебе пронајдено во торба пред црква во Лондон

Од:

Телото на новороденче e пронајдено во торба пред црква во Нотинг Хил, западен Лондон, пишува Sky News.

Лондонската полиција ја повикува мајката да се јави за сопствената безбедност и благосостојба.

Полицијата и итната помош се повикани на Талбот Роуд денеска во 12.46 часот, но бебето е прогласено за мртво на местото на настанот.

Полот и точната возраст на детето се уште не се утврдени.

Началникот Овен Реноуден го опиша случајот како крајно тажен и шокантен.

„Истрагата е само на почеток, а наш приоритет е да ја најдеме мајката на детето кое веруваме дека се породило неодамна“, рече тој и и порача на мајката да се појави.

Детали за случајот се уште не се познати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четири амбулантни возила на еврејската заедница се запалени во Лондон

(ВИДЕО) Вирална снимка од Лондон: Крадци ограбија златарница сред бел ден

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Миха е првото бебе родено во Кочани во новата 2026 година

А1он

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Млада мајка од Белград е обвинета за обид за убиство на своето бебе