Мрачните тајни на семејството Кенеди

Од:

7 септември 2015

Блиц – Белград

Неодамна се објавени две книги кои откриваат нови мрачни детали за славното американско семејство Кенеди. Една од главните улоги во тие книги припаѓа на таткото на семејството, Џозеф Кенеди, кој својата ќерка ја пратил на лоботомија за да не забремени и ја уништил политичката кариера на неговите синови.

Наводните мрачни тајни на семејството Кенеди се откриени во книгите The missing Kennedy Pentakof од Елизабет Кохлер-Пентакоф и Rosemary: The hidden Kennedy daughter Кејт Клифорд Ларсон.

Со новите историски извори во комбинација со информации од книгата The missing Kennedy која Елизабет ја напишала врз основ на сведоштва на својата тетка (калуѓерка која работела во католичка институција за инвалиди и немоќни во која Розмари живеела повеќе од 50 години), книгата на Кејт Ларсон претставува речиси целосна биографија на несреќната ќерка на Кенеди.

Според тврдењата кои се изнесени во овие книги, тој својата ќерка Розмари, кога имала 23 години, во тајност ја пратил на лоботомија за да ја спаси потенцијалната политичка кариера на своите синови.

За се била виновна медицинската сестра

Се почнало на 13 септември во 1918 година кога Роз Кенеди, сопругата на Џозеф добила породилни болки. Во семејната куќа во тој момент била присутна само медицинската сестра која повикала доктор, но тој доцнел. Решена по секоја цена докторот да го дочека бебето, медицинската сестра наводно цели два часа ја држела главата на бебето во породилниот  канал, за да не излезе.

Се претпоставува дека бебето останало без кислород, поради што дошло до оштетување на мозокот.

Во своите мемоари, објавени во 1974 година, Роз Кенеди напишала дека нејзината ќерка многу доцна проодела и доцна ги изговорила првите зборови.

Многу брзо открила дека Розмари има проблем при извршување на нај едноставните задачи, како пишување, играње со топка или возење на санка.

Кога требала да појде на училиште, нејзината мајка побарала помош од експерти, кои утврдиле дека Розмари е ретардирана, што е израз кој во тоа време се користел за сите можни видови на ментални пореметувања.

Кенедиеви се обиделе да ја сокријат нејзината состојба, но како што растела, тоа било се потешко да се направи.

Лоботомија

Кога Розмари имала 11 години Џозеф и Роуз ќерката ја пратиле во интернат за деца со специјални потреби. Судејќи според писмата кои несреќното девојче во тоа време ги праќала на своите родители, детството го поминала многу осамена.

Во раните 20 години Розмари одеднаш се претворила во убава и привлечна млада девојка која знаела навечер да побегне од интернатот и да талка по улиците на Вашингтон, каде во меѓувреме се доселиле.

Во тоа време Џозеф веќе основал темели за политичка кариера на своите синови и кај него се зголемил стравот од потенцијален скандал, што ако неговата ќерка остане бремена со непознат маж.

Истрауматизираниот политичар предложил на својата сопруга експериментална операција на мозокот позната како лоботомија.

Иако Роуз рекла дека такво нешто нема никогаш да дозволи, сепак последен збор имал сопругот. Игнорирајќи ги останатите членови на семејството, тој закажал операција.

Последици

По грозоморната операција, Розмари повеќе не можела да зборува, не можела многу да се движи и повеќе не можела да се грижи за себе.

По сето тоа, таткото кој чувствувал вина, не можел ни да ја посети, а потпишал со болницата специјален договор за тајност.

Никој не знаел каде е. Дури откако Џозеф доживеал мозочен удар и признал на жената што направил, Роуз повторно ја видела својата ќерка. Тоа било по 20 години подоцна.

Наводно, здогледувајќи ја мајка си, Розмари потрчала во прегратка, па потоа почнала да ја удира по градите.

Роуз никогаш во јавност не зборувала за лоботомијата на својата ќерка, туку зборувала дека Розмари го изгубила паметот по една несреќа.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени