Илја Пономарјов, еден од водечките руски опозиционери и единствениот пратеник во рускиот парламент кој гласаше против анексијата на Крим во 2014 година, рече дека рускиот претседател Владимир Путин ќе биде убиен од инсајдери во Кремљ до октомври.
Тој смета дека слабеењето на поддршката во Русија и стравот од потенцијално судење за воени злосторства може да доведат до тоа Путин да биде убиен од луѓе од неговата непосредна околина, пишува Јутарњи лист.
„Моќта на Путин лежи во неговата позиција на алфа мажјак, како личност која е непобедлива. Минатата година таа позиција почна да слабее. Мојата прогноза е дека нема да го види следниот роденден“, изјави Пономарјов за „Невсвик“.
„Неговата придружба нема да му дозволи да оди во Хаг бидејќи неговото сведочење може да биде многу штетно за нив. Ќе биде убиен“, рече опозиционерот, кој извесно време е надвор од Русија поради неговата лична безбедност.
Инаку, Пономарјов беше пратеник во Државната дума од 2007 до 2016 година, но сега живее во Украина, каде што го води новото движење наречено „Прв конгрес на народни пратеници на Русија“, за кое се надева дека Русија ќе го трансформира во модерна демократија.