Можно е Европа да биде следна мета на Трамп

Од:

Аналитичарите ги поздравија преговорите за постигнување на трговскиот договор помеѓу САД и Кина, но во исто време и предупредуваат дека Европска унија би можела да биде следна мета на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој повеќепати се закани дека ќе ги зголеми царините, помеѓу другото за германските автомобили и за француските вина.

Според економистите договорот помеѓу САД и Кина „би можел скапо да ја чини Европа“ бидејќи Кина би можела да замени голем дел од својот увоз од Европа за производи од САД во обид да ја одоброволи администрација на Трамп.

– Компаниите кои котираат на европските берзи очекуваат годинава 456 милијарди евра приход од Кина, а луксузните брендови и прозиводители на автомобили се најизложени сектори, се наведува во анализата на компанијата „Рефинитив“.

Доколку Кина и САД не успеат да се договорат до 1 март, може Европа да биде преплавена од евтини кинески производи.

Извозот на Кина во ЕУ во 2017 година изнесуваше 374 милијарди евра, а во САД – 505 милијарди долари.

Според аналитичарите кои се обидуваат да ја прочитаат стратегијата на Трамп, судирот со ЕУ веројатно е следниот чекот откако го смени Договорот за слободна трговија во Северна Америка (НАФТА) и неговите напори да го намали трговскиот дефицит на САД со Кина, кој во 2017 година достигна до рекордни 375 милијарди долари, а минатата година забележа дополнителен раст.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија