Можна е војна на неколку фронта, предупреди началникот на Генералштабот на израелската армија

Од:

Началникот на Генералштабот на израелската армија Бени Ганц прогнозира различни сценарија при евентуална војна со неколку истовремени напади врз еврејската држава.


– Војната може да почне со напад со хируршка прецизност во срцето на Кириа, комплексот во кој се наоѓа зградата на Министерството за одбрана во Тел Авив, предупреди генерал Ганц на конференција во Ерусалим.


Според генерал Ганц можен е кибер напад врз објект, што ги опслужува сите потреби на изралеските граѓани, така што семафорите ќе престанат да работат или банките ќе бидат парализирани.


Генерал Ганц смета дека началникот на армијата либанското шиитско движење „Хезболах“ продолжува да претставува голема закана. – Точноста на нивните ракети ќе се зголеми значителни и доколку „Хезболах“ одлучи да нападне некоја цел во Израел може да го направи тоа, истакна генералот.


Во јули 2006 година избувна војна меѓу израелската армија и „Хезболах“, што траеше 33 дена. Од територијата на Либан врз еврејската држава беа истрелани илјадници ракети. Во конфликтот загинаа 1.200 лица во Либан, најголем дел цивили. На израелска страна загинаа 160 лица, од кои 117 војници и 43 цивили.

Би можело да ве интересира

Преживеана од нападот на Хамас ќе го претставува Израел на Евровизија

А1он

ИДФ: Убиени се палестинските напаѓачи кои го извршија нападот во Ал-Фундук

Горан Наумовски

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски