Пилотот и патникот преживеале откако моторната едрилица се урна на прометниот пат во Глостершир, Англија.
Инцидентот се случил во близина на поранешниот воен аеродром Астон Даун, а очевидци изјавиле дека предниот дел од леталото се „урнал“ во асфалтот.
Се верува дека луѓето во едрилицата не се повредени, а на местото на инцидентот брзо пристигнала екипа на итната помош, пренесува Мирор.
Локалната полиција ја обезбеди локацијата, го затвори патот во двата правци и излезе со официјално соопштение.