Околу 500.000 жители на Мосул, град во Ирак биле принудени да побегнат затоа што исламски екстремисти, кои се поврзани со Ал Каеда ја презеле контролата на таа територија, пренесуваат агенциите.
-Состојбата во градот е хаотична. Нема кој да ни помогне- изјавил Ум Карам вработен во владата, пренесе „BBC“.
Од градот избегале и припадниците на војската и полицијата, поради што премиерот на Ирак, Нури ел Малики побарал од парламентот да прогласи вонредна состојба во државата, со што би имал поголеми овластувања.
Жителите на Мосул велат дека џихадистите поставиле свои знамиња на официјалните згради и преку мегафон им соопштиле дека „дошле да го ослободат градот“.
Како што пренесуваат агенциите голем број полициски станици се запалени, а стотици затвореници се пуштени на слобода.
САД предупредуваат дека екстемистичкото движење, Исламска држава Ирак и Левант (ИСИС), кои во вторник презедоа контрола во Мосул, претставуваат закана за целиот регион.
Исламистите во последните неколку денови, започнаа големи операции во пет провинции, убија голем број луѓе и со тоа ја покажаа својата моќ пред ирачките безбедносни сили.
Инаку овој огранок на Ал Каеда има контрола над поголем дел од територијата во источна Сирија и во западен и централен Ирак.
Е. Г.