Москва: Зголемена е опасноста талибанците или ИД да нападнат цели во Централна Азија

Од:

Руското разузнавање денеска предупреди дека има зголемена опасност талибанците или борци на Исламска држава да навлезат во Централна Азија.

– Концентрацијата на талибански борци, а некои од нив се заколнале на верност на ИД, на северната граница на Авганистан создаваат реална опасност од инвазија, изјави директорот на руската Федерална служба за безбедност, Александар Бортников.

Авганистан има слабо обезбедување на границите со поранешните советски републики Туркменистан, Узбекистан и Таџакистан. Преку тие граници се шверцуваат наркотиците во Русија.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ситуацијата во Авганистан ја оцени како критична и апелираше до поранешните советски републики во Централна Азија да се подготват за заедничка акција за спречување евентуален напад.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина