Москва: Украина го нарача терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“

Од:

Украинските специјални служби се организатори и нарачувачи на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“, во кој загинаа 149 лица, се вели во материјалите за случајот, до кои ТАСС имаше пристап.

„Кога заминувавме, (Далерјон) Мирзоев и (Шамсидин) Фаридуни испратија известување до координаторот Сајфул дека сме извршиле терористички напад. Исто така, од нивниот разговор слушнав дека Сајфул им одговорил и рекол дека нарачувач на овој терористички напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ е државната структура на Украина и дека сега треба да стигнеме до границата меѓу Русија и Украина и да ја преминеме“, произлегува од сведочењето на еден од четворицата извршители на терористичкиот напад, пренесува ТАСС.

После тоа, според него, координаторот требало да им даде дополнителни инструкции како да стигнат до Киев, каде што требало да добијат милион рубли од нарачателите на терористичкиот напад за негово извршување.

На извршителите на терористичкиот напад им било ветено дека за нив е создаден коридор до Киев, преку кој слободно ќе патуваат низ територијата на Украина, и дека им треба само да имаат време да ја преминат границата.

Би можело да ве интересира

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Путин возвраќа: Русија го затвора германскиот конзулат и „Гете-институтот“

A1on

Зеленски: Киев е подготвен привремено да ги запре нападите врз Москва

Горан Наумовски

Москва испрати итен апел: „Украина го загрозува цивилното воздухопловство“

Русија и Германија дополнително ги заоструваат односите: германски дипломат повикан во Москва