Полицијата вечерва спроведе рација во еден ресторан во местото Николина Гора, во близина на Москва, и уапси четворица шефови на мафија и 19 членови на една криминална банда.
Тие таму се состанале за да направат план за тоа што и како по убиството на лидерот на кланот Аслан Усојан (75), познат како Дедо Хасан, соопшти денеска руското Министерство за внатрешни работи.
Полицијата изврши рација во ресторанот, откако дозна дека таму че се состанат осомничените од Русија и Белорусија за да разговараат “за голем број прашања од криминална природа”, се наведува во соопштението на министерството.
“Во текот на тајниот состанок, одржан под превезот на роденденска забава на една повисока” криминална личност, требало да се разговара за следните чекори по неодамнешното убиство Усојан “, се вели во соопштението на руското Министерство.
Дедо Хасан се смета за еден од највлијателните кумови на организираниот криминал во поранешниот Советски Сојуз, а беше убиен на улица во Москва, на 16 јануари, како жртва на нарачано убиство, пренесува Ројтерс.
Споменувајќи само прекари, руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека меѓу уапсените се двајца високи руски криминалци Тимоха и Костил (Патерица и шајка), како и двајца државјани на Белорусија, познати како Медвезонок (Меченце) и Паштета.
Во соопштението уште се вели дека учесниците на тајниот состанок планирале “координирана работа на организирани групи подредени на криминалниот клан на Тариел Оњаниј за кого руските медиуми велат дека е ривал на Усојан. Инаку двајцата се родени во Грузија.
Според пишувањето на руските медиуми, потсетува британската агенција, Усојан направи мрежа на нелегални коцкарници, продажба на дрога и оружје, како и користење на природните ресурси.
Руската новинска агенција Интерфакс објави дека четворицата мажи уапсени во ресторанот се: Александер Бор, Константин Борисов, АлександEр Медведев, Павел Алексијевич, а дека го славеле роденденот на Бор.