Двајца чешки дипломати ќе бидат прогласени за персона нон-грата, откако двајца руски дипломати беа протерани од Чешка на почетокот од месецов.
Како што јавија руските медиуми, повикувајќи се на изјава на чешкиот амбасадор, одлуката му била соопштена денеска во руското Министерство за надворешни работи.
Руската амбасада во Прага на 5 јуни доби нота од чешкото Министерство за надворешни работи, со која ја известува за протерување на двајца руски дипломати, кои чешкиот премиер Андреј Бабиш претходно ги прогласени за персона нон-грата.
Тој тврдеше дека вработен во руската Амбасада испратил лажни информации до чешката разузнавачка служба за планиран напад врз чешки политичари, со што, како што изјави Бабиш, придонел за „понатамошно нарушување на односите меѓу Чешка и Русија“.
Руското Министерство за надворешни работи објави дека Москва реципрочно ќе одговори на овој потег на Прага, но оти тоа ќе се земе предвид и при формулирањето на руската политика кон Чешка.