Москва: Принудувањето на Русија на мир во Украина ќе биде фатална грешка

Од:

Кремљ денеска објави дека принудувањето на Русија на мир во Украина, на повик на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Обединетите нации, ќе биде „апсолутна фатална грешка“.

„Ставот дека Русија треба да биде принудена да склучи мир е апсолутно фатална грешка. Невозможно е да се принуди Русија на мир“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Русија се залага за мир, но под услов да ги обезбеди темелите на својата безбедност и да ги постигне целите“ на офанзивата во Украина, рече Песков.

Зеленски го повика Советот за безбедност на ОН да ја принуди Русија да склучи мир со Киев.

„Русија може да биде принудена само на мир, а токму тоа мора да се направи: да се принуди Русија на мир“, рече тој.

Зеленски на американскиот претседател Џозеф Бајден и на американскиот Конгрес во Вашингтон ќе им ги претстави деталите од својот „план за победа“, чија цел е да се запре руската инвазија.

Би можело да ве интересира

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Пратениците одлучија: Зеленски е легитимен претседател

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија