Руските и сириските воружени сили во четврток на осум часа ќе ги прекинат нападите врз Алепо, на цивилите и бунтовниците да им овозможат да го напуштат овој сириски град, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
– На 20 октомври, во периодот од 8 до 16 часот, во областа Алепо ќе биде во сила хуманитарна пауза. Во овој период, руските воздухопловни сили и силите на сириската Влада ќе ги прекинат воздушните напади и борбени дејствија од другите видови вооружување, изјави Сергеј Рудској од руското Министерство за одбрана,, пренесоа британските медиуми.