Москва одби да го коментира тврдењето дека Путин сакал да ја подели Украина со Полска

Од:

Официјална Москва денеска одби да го коментира интервјуто на претседателот на полскиот Парламент, Радослав Сикорски за тоа дека рускиот претседател Владимир Путин предлагал Русија и Полска да ја поделат територијата на Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков во изјава за еден руски весник не го спомена интервјуто на Сикорски, но рече дека „многу бесмислени изјави кружат наоколу“.

Сикорски, кој е поранешен министер за надворешни работи на Полска, во интервју за американскиот интернет весник „Политико“ рече дека во 2008 година, Путин нудел поделба на Украина.

Според полискиот политичар, на средба пред шест години рускиот претседател го уверувал тогашниот полски премиер Доналд Туск дека Украина во основа е „вештачка држава“.

– Лвов е (историски) полски град, па тогаш зашто ние заеднички не би го средиле тоа, наводно му рекол Путин на Туск.

Тогашниот шеф на полската дипломатија,Сикорски за „Политико“ вели дека таквата понуда била веднаш отфрлена од полска страна.

– Сосема јасно рековме, дека не сакаме да имаме ништо со тоа, вели Сикорски, пренесувајќи ја тогашната полска реакција во разговорите со Владимир Путин.

Доналд Туск поднесе оставка на премиерската функција откако беше назначен за нов претседател на Европскиот совет на местото на сегашниот Херман ван Ромпуј и од почетокот на идниот месец ќе се пресели во Брисел.

Сикорски и самиот имаше европски амбиции и неговото име се споменуваше како еден од „сериозните кандидати“ за нов висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, но откако не доби поддршка кај европските сојузници, се повлече од кандидатурата.

Во изјава за полските медиуми по повод интервјуто во „Политико“, Сикорски не го демантира она што го кажал, но вели дека неговите зборови се „прешироко интерпретрирани“ без да има дополнителна елаборација.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски