Сите руски беспилотни летала што учествуваат во операција во Сирија, се наоѓаат на мисија или во база така што леталото за кое се тврди дека е соборено над Турција, нема ништо заедничко со Руската федерација, изјави Андреј Картаполов, началник на главната оперативна управа на ГШ на руската армија.
На брифинг за воени аташеа и новинари тој рече дека на интернет се појавила информација оти турските партнери собориле руско беспилотно летало што се наоѓало на територија на Турција.
– Одговорно тврдам дека сите наши беспилотни летала се во реони на извршување мисии или во авиобази, изјави Картаполов.