Москва не прифаќа привремен прекин на огнот во Украина

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека привремениот прекин на огнот во Украина е неприфатлив за Москва.

„Привремен прекин на огнот или, како што многумина велат, замрзнување на конфликтот е неприфатливо“, рече Захарова, а пренесува Интерфакс.

Според Захарова, вакво нешто Западот ќе го искористи, колективно или индивидуално, за зајакнување на воениот потенцијал на режимот во Киев и за обид за вооружена воена одмазда.

Би можело да ве интересира

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори