Moсква е на прво место во светот по сообраќајниот метеж, стои во годишниот извештај на компанијата „ТомТом“, која го истражува индексот на загаденост од сообраќај.
На листата на најзагадени големи градови се Истанбул, Варшава, Марсеј, Палермо, Лос Анѓелес, Сиднеј, Штутгарт, Париз и Рим.
Според извештајот возачите во Москва, поради сообраќајниот метеж проведуваат во просек 66 проценти повеќе време од потребно.
Годишниот извештај на компанијата за индексот на загаденост за 2012 година, го споредува со нивото на сообраќајната гужва во 161 градови ширум светот со податоци од 2011 година.
Елена Георгиевска