Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија ги повикала сите држави да ги стават на листите за терористи, екстремистичките организации Исламска држава и Џабат ал Нусра и да ги забранат нивните активности.
Министерството наведе дека ставањето на ИСИС и Фронт Нусра на руската листа на терористички групи претставува принципиелен чекор, кој е во рамки на одредбите на резолуција 2170 и 2178 кои оваа година ги усвои Советот за безбедност при ОН.
Цел на усвоените резолуции е оневозможување на финансирање на екстремистите во Ирак и Сирија и спречување на прилив на нови екстремистички борци од странство.
Е. Г.