Москва и Вашингтон го продолжија Договорот за стратешко нуклеарно вооружување што Трамп сакаше да го напушти

Од:

САД денеска формално прифатија продолжување на Договорот за стратешко нуклеарно вооружување (СТАРТ) со Русија на рок од пет години, откако Договорот помеѓу двете сили требаше да истече за два дена.

Со соопштение за ова денеска излезе државниот секретар Ентони Блинкен, во кое се наведува дека новото продолжување на СТАРТ овозможува руските интерконтинентални балистички ракети, балистичките проектили од подморници и тешки бомбардери да бидат „верифицирано лимитирани до 2026 година“.

– Договорот гарантира задржување на заедничкиот режим подложен на проверка со што САД имаат поголем увид во нуклеарната состојба на Русија. Посебно во време на тензија, подложните на проверка ограничувања на нуклеарниот интерконтинентален арсенал на Русија се од витално значење, изјави Блинкен.

Тој додаде дека продолжувањето на Новиот СТАРТ договор ги прави САД, американските сојузници и партнери, како и светот, побезбедни.

– Неограничената нуклеарна трка сите би не ставила во опасност, истакна Блинкен.

Формалното прифаќање од страна на Вашингтон доаѓа по пет денови откако Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин потпишал Закон за пролонгирање на договорот со САД.

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека биле разменти дипломатски ноти со што се потврдува продолжувањето на договорот на пет години.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски