Москва: Хуманитарната пауза ќе трае 11 часа

Од:

Руската армија денеска објави дека утрешната хуманитарна пауза во сирискиот град ќе трае 11 часа, наместо првичните осум.

Претставник на руската армија Сергеј Рудској изјави дека руските и сириските вооружени сили утре од осум до 19 часот ќе ги прекинат нападите во Алепо, со цел да им овозможи на цивилите и бунтовниците да го напуштат градот.

– Во тој период, руските воздушни сили и силите на сириската Влада ќе ги прекинат воздушните напади и борбени дејствија, посочи Рудској.

Тој додаде дека руските и сириските авиони не извршуваат напади од вторникот.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Лебот во Алепо поскапе за 900 отсто

ВИДЕО: Сириски и руски авиони ги бомбардираат позициите на бунтовниците во Алепо и Идлиб

Израел ги гранатираше сириските аеродроми во Дамаск и Алепо

ВИДЕО: Израел повторно го нападна аеродромот во Алепо

ВИДЕО: Израел ги нападна аеродромите во Сирија