Москва: Го протеравме непријателот од Курската област, но сè уште има луѓе што седат во некои подруми

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е невозможно да се евакуира украинската армија што останала во Курската област и дека од нејзините припадници кои се кријат треба да се побара да се предадат.

„Да, го протеравме непријателот од Курската област, но сè уште има луѓе што седат во некои подруми, ги слушаме што зборуваат, бараат евакуација, но сега нема да навлегувам во детали. Нема да има евакуација, бидејќи е невозможно“, рече Путин вчера во Москва, на состанокот со учесниците на образовниот маратон „Знаењето на прво место“.

Путин истакна дека станува збор за расфрлани групи од по двајца или тројца луѓе кои „седат во некакви дупки“ и дека од нив се бара да го положат оружјето и да се предадат.

Путин изјави дека „украинскиот непријател претрпел целосен пораз во Курската област“ и дека „претставата на киевскиот режим во таа област доживеала колапс“.

„Непријателот претрпе огромни загуби, особено меѓу оние кои беа најспособни за борба, најдобро опремени, вклучувајќи ги и формациите вооружени со западна опрема“, истакна Путин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: Странски трупи во Украина за нас се непифатливи и ќе бидат легитимна цел

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Москва предлага пакт со НАТО

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови