Русија ја прифати понудата на Грузија за преговори, кои би требало да започнат во следните неколку дена.
– Дневниот ред ќе вклучи редовна авиолинија меѓу двете земји, како и увоз на грузиските земјоделски производи – изјави рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.
Тој истакна дека Русија се обидува да ги смири односите со Грузија уште од влошувањето на односите со Тбилиси во 2008 година.