Москва го повика Пјонгјанг да ги зголеми напорите за скорешно обновување на шестстраните преговори

Од:

Москва го повика Пјонгјанг да ги активира своите напори за скорешно обновување на шестстраните преговори, пренесе ИТАР ТАСС, цитирајќи претставник на руското МНР.

Тој даде изјава по преговорите меѓу првиот заменик министер за надворешни работи на Северна Кореја Ким Ге-хван и неговиот руски колега Владимир Титов. На средбата учествувал и рускиот заменик министер за надворешни работи Игор Моргулов.

– Во текот на средбата двете страни разменија мислење за сегашната состојба и перспективите на развојот на билатералните односи, ја разгледаа ситуацијата на Корејскиот полуостров, посветувајќи особено внимание на проблемот на нуклеарното регулирање, рече портпаролот.

Од руска страна е подвлечена неопходноста од заеднички напори за намалување на напрегнатоста, за создавање на услови за скорешно обновување на шестстраните преговори врз принципите усогласени во заедничката декларација од 19 септември 2005 година, додаде тој.

Дипломатите забележаа дека „нормализирањето на ситуацијата на полуостровот ќе дозволи забележливо да се активира соработката меѓу Русија и Северна Кореја во практичните области, а исто така и да се пристапи кон реализирање на големи многустрани економски проекти“.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Руските сили интензивно напредуваат низ регионот на Доњецк

А1он