Москва го критикуваше планот на Израел за изградба на нови еврејски населби на Западниот брег

Од:

Москва гo критикуваше планот на Израел да продолжи со изградба на еврејски населби во Источен Ерусалим и на Западниот брег, оценувајќи го потегот како контрапродуктивен, како и дека може да ги усложни израелско-палестинските мировни преговори.


Објавувањето на вакви планови во пресрет на новиот круг преговори, предвиден за 14 август, е контрапродуктивна мерка, објави руското Министерство за надворешни работи.


Според Москва фактот предизвикува сериозна загриженост, бидејќи ваквите дејствија не се во согласност со меѓународното право и не се прифатени од Руската федерација и целата меѓународна заедница.


– Ги повикуваме страните да се воздржат во оваа одговорна фаза од секакви еднострани дејствија, што ја поткопуваат меѓусебната доверба и да преземат соодветни мерки за создавање поволни услови за продолжување на преговорите по сите прашања за конечниот статус, се наведува во соопштението на Министерството, пренесува ИТАР-ТАСС.


Израел за време на викендот објави тендер за прибирање понуди за изградба на 793 станбени единици во Источен Ерусалим и 394 на Западниот брег, непосредно откако минатата недела амерканскиот Стејт департмент објави дека палестинските и израелските мировни преговори ќе продолжат на 14 август во Ерусалим.

Би можело да ве интересира

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин до рускиот банкар: Илон Маск ќе и се врати на науката., здружете ги силите со него

Предраг Петровиќ

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Макрон за средбата во Ријад: Трамп може повторно да започне корисен дијалог со Владимир Путин

Трамп по разговорите со Русите: Рејтингот на Зеленски е 4 проценти, мора да оди на избори