Москва: До пет години затвор за оние кои се вратиле од земја со Ковид-19, а не се изолирале

Од:

Локалната власт на Москва најави дека лицата кои се вратиле од земјите погодени со новиот коронавирус, а не се изолирале во своите домови на две недели, ќе бидат казнети и до пет години затвор.

Властите прогласија висок степен на тревога и воведоа дополнителни мерки со цел да го спречат ширењето на Ковид-19 во Русија.

– Лицата кои се вратиле од Кина, Јужна Кореја, Иран, Франција, Германија, Италија, Шпанија и други земји каде има евентуални неповолни знаци на новиот коронавирус, треба да се самоизолираат 14 дена, соопшти Градското собрание на Москва.

Секретаријатот за здравство соопшти дека за лицата кои ќе го прекршат правилото следи тешка казна, вклучително и затворска казна до пет години.

Во Русија досега се регистрирани 15 пациенти со новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Москва гори двокатна деловна зграда, евакуирани 300 луѓе

Горан Наумовски

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он

Познат шампион е убиен во центарот на Москва

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

Москва: Западот е свесен дека е можен колапс на украинската армија

Пожар во станбена зграда во Москва, едно лице загина