Москва демантира дека Лавров ќе оствари четиристрана средба во Минхен

Од:

Во програмата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за Безбедносната конференција во Минхен не е предвидена четиристрана средба со претставникот на сириската опозиција Ахмад ал Хатиб, со потпретседателот на САД Џо Бајден и со меѓународниот пратеник за Сирија Лахдар Брахими.

Ова денеска на социјалната мрежа Твитер го објави рускиот заменик министер за надворешни работи Генадиј Гатилов. Според него, медиумските најави за ваква средба во Минхен „не се вистинити“.

Шефот на руската дипломатија денеска замина за Минхен, каде ќе учествува на 49. Минхенска конференција за безбедносни прашања.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети