Две лица загинаа, а тројца се сериозно повредени при принудно слетување на авион на московскиот аеродром, објавија медиумите и наведоа дека авионот се запалил при слетувањето.
Министерството за итни случаи изјави дека во авионот имало 12 луѓе.
Авион на руската нискобуџетна компанијата “Red Wings”, кој летал од чешкиот град Пардубице за Москва, се свртил при принудното слетување и завршил на блискиот автопат, каде што се запалил и се скршил на три дела, објави руската телевизија слики од запалениот и скршен авион.
Во извештајот на Интерфакс се наведува дека авионот “тупољев 204” силно удрил на патот, при слетувањето на аеродромот Внуково.
За бројот на жртвите се уште нема јасни информации. Според извори од полицијата, две лица загинаа, а според Министерството за вонредни ситуации, нема жртви. Исто така, според извор од полицијата, пет лица во критична состојба се транспортирани во блиската болница.
Управата на аеродромот соопшти дека во авионот биле само членови на екипажот.
“Во авионот биле само членови на екипажот. Меѓу нив немало Чешки државјани. Пред полетувањето проверени се сите системи и ни беше кажано дека сите тие рабоотаат нормално,” соопштено е од управата, пренесува сајтот Gazeta.ru.
На лице место има голем број на амбулантни возила и пожарникари.
Летовите до и од аеродромот Внуково се одложени или откажани. Сите летови во моментов се пренасочени кон другиот аеродром Шереметјево.
“Тупољев 204” инаку има капацитет да прими 210 патници.
Нискобуџетната авиокомпанија “Red Wings” е во сопственост на рускиот тајкун Александар Лебедев.