Морси во историска посета на Судан

Од:

Претседателот на Египет Мохамед Морси почна прва официјална посета на Судан откако ја презеде функцијата пред девет месеци. Морси кој е член на исламистичкото движење Муслимански браќа беше пречекан на аеродромот во Картум од суданскиот колега Омар Башир кој исто така е исламмист.

Морси е придружуван од бизнис делегација како знак за интерес на Владата да зајакне економска соработка со Судан.

– Очекуваме интеграција во сектори како инфраструктурата и патиштата меѓу двете држави, изјави Морси на средба меѓу двете делегации.

Тој зборуваше и за соработка во образованието и земјоделието.Дводневната посета е историска заради стратешките односи меѓу двете држави, изјави Емад Саид Ахмед, портпарол на суданскиот претседател. Посетата е од стратешко значење бидејќ има за цел да ги нагласи силните и специфични стратешки односи меѓу Египет и Судан, се вели во соопштение од Кабинетот на Морси.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет