Морси планира војската да преземе контрола во Порт Саид

Од:

Египетскиот претседател Мохамед Морси сериозно размислува за предавање целосна контрола на војската над немирниот град Порт Саид по крвавите улични немири поради прекумерната сила употребана од полицијата, јавија египетски високи функционери.

Мохамед Морси одржа средба со шефот на безбедносните сили и воениот врв, со кои е разговарано од градот да биде повлечена полицијата, а да бидат ангажирани војници со цел да бидат запрени насилствата кои траат веќе три дена.

Во последниот бран немири и насилства во Порт Саид, што избувнаа во неделата, загинаа најмалку три цивили и тројца полицајци, а повредени се над стотина лица.

– Претседателството ја разгледува ваквата можност по зголемувањето на тензичните односи меѓу безбедносниот апарат и жителите на градот, изјави неименуван висок службеник.

Египетските власти веруваат дека доколку се ангажира војската нема да има судири со демонстрантите.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет