Морси: Нашата крв е алтернатива

Од:

Египетскиот претседател, Мохамед Морси предупреди дека сите опции се отворени во односите со Етиопија поради намерите Адис Абеба да гради брана на реката Нил.

Каиро нема ништо против развојните проекти на државите во басенот на реката Нил, рече Морси, мислејќи на Етиопија, Уганда, Кенија, Танзанија, Бурунди, Руанда, Демократска Република Конго и Судан, но под услов проектите да не им нанесуваат штета на египетските закони и историски права, пренесе „Ројтерс“.

-Нашата крв е алтернатива. Ние не повикуваме на војна, но нема да дозволиме какви било закани за нашата безбедна вода- изјави Морси.

Населението на Египет користи речиси се што Нил може да им понуди за да ги задоволат своите животни потреби.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет