Морси на сослушување поради бегство од затвор во 2011.

Од:

Египетските истражни органи денеска на тајна локација почнале со сослушувањето на соборениот египетски претседател Мохамед Морси и на членови на неговото Муслиманско братство поради нивното учество во бегството од затвор во 2011 година, изјавија судски извори.

Морси е осомничен дека заедно со припадници на Муслиманско братство побегнал од затворот „Вади Натрун“ за време на бунтот, со кој беше соборен од власт долгогодишниот претседател на Египет Хосни Мубарак.

Иследниците истражуват дали странски групи, како што се палестинскиот Хамас и либанскиот Хезболах учествувале во организирање на бегството од затвор.

Државното обвинителство соопшти дека иследниците го испитувале Морси на тајна локација. Сослушувањето следеше неколку часа откако Морси и другите двајца припадници на Муслиманско братство беа обвинети за шпионажа, поттикнување насилство и нанесување на штета на стопанството.

Египетската времена Влада соопшти дека Морси, кој беше соборен од власт од страна на египетската армија на 3 јули, се наоѓа на „безбедна локација“.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро