Морисон мораше да се помести од новозасаден тревник, откако му свика сопственикот на куќата

Од:

Австралискиот премиер Скот Морисон мораше да се помести од новозасадениот тревник, откако сопственикот на куќата каде што стоеше му свика за време на прес-конференција.

Морисон го посети Гугонг, предградие на Канбера, за да објави поддршка од Владата за реконструкција на куќи и станбени згради во износ од 25.000 австралиски долари, како дел од пакетот економска помош поради Ковид-19, пред локалните избори следниот месец.

– Десет илјади Австралијци …, рече Морисон и не ја доврши реченицата откако беше прекината прес-конференцијата која се пренесуваше во живо.

Сопственикот на домот ги повика сите да се тргнат од тревата.

– Ајде, ве молам. Луѓе, само што засадив таму, рече сопственикот и додаде: „Прости, пријателе!

Морисон одговори дека се е во ред и се повлече неколку чекори назад.

– Секако, ќе се вратиме од таму, рече тој.

Австралија има многу помалку случаи на заразени со коронавирус од повеќето други земји, но нејзината економија се соочува со својата прва рецесија во последните 30 години и покрај владината поддршка од неколку милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он