Моравјецки: Полска планира целосно да го напуштиме рускиот јаглен најдоцна до мај

Од:

Полска планира да воведе ембарго за увоз на руски јаглен до мај и да престане да ја користи руската нафта до крајот на годината, изјави денеска премиерот Матеуш Моравјецки.

Полска сака нејзините европски колеги да договорат забрана за увоз на руска нафта, јаглен и гас низ целиот блок, но Германија и некои други земји од ЕУ кои многу се потпираат на руската енергија се спротивставија на одлуката.

Како што најави премиерот Моравјецки, Варшава ќе воведе ембарго на рускиот јаглен.

„Се надевам дека целосно ќе го напуштиме рускиот јаглен до април, најдоцна до мај“, изјави тој, додавајќи дека државата ќе направи се за да престане да користи руска нафта до крајот на оваа година.

Државата вчера го одобри предлог-законот со кој ќе се забрани увозот на руски јаглен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани