Монти поднесе оставка

Од:

Италијанскиот премиер Марио Монти денеска ја поднесе својата оставка дo претседателот Џорџо Наполитано, јавија италијанските медими. Со оставката се отвора можност за избори, што веројатно ќе се одржат во февруари. Монти го исполни ветувањето дадено во текот на месецот дека ќе се повлече од функцијата откако двата дома на италијанскиот парламент ќе го прифатат буџетот за идната година.

Весникот „Кориере дела сера“ објави дека в недела Монти ќе одржи прес-конференција на која ќе анализира за обврските извршени од неговата влада во изминатата една година откако е на власт. Се очекува Наполитано да го распушти парламентот во следните неколку дена, а парламентарните избори да се одржат на 24 февруари, наведуваат италијанските медиуми.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он