Монти оптимист: Италија ќе излезе од економската криза

Од:

Италијанскиот премиер, Марио Монти е оптимист, изјавил дека финансиската ситуација во земјата се подобрила во однос на минатата година и рекол дека верува дека Италија ќе успее да излезе од економската криза.

Според Монти, Италија сега има поголем кредибилитет и влијание во Европа, пред се благодарение на реформите во пензискиот систем и во другите сектори.

Италијанскиот премиер, кој говорел на редовната годишна католичка конвенција во Римини, оценил дека е вистинско “чудо“ како партиите од десничарскиот и левичарскиот блок успеале да се сложат околу клучните прашања за реформи.

Монти рекол дека младите во Италија плаќаат висока цена поради невработеноста, бидејќи политичарите со години наназад негодувале да применат остри мерки за штедење.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он