Монти одбегнува да одговори дали ќе учестува на изборите во 2013 година

Од:

Италијанскиот премиер Марио Монти денеска одби да одговори дали ќе учествува на парламентарните избори идната година, откако влезе во конфликт со својот претходник Силвио Берлускони и се поголемите стравувања од пазарни потреси поради евентуалната негова оставка, јави БТА.

За време на викендот Монти изјави дека ќе поднесе оставка, откако ќе биде одобрен буџетскиот закон, бидејќи партијата на Берлускони ја повлече поддршката за технократска Влада.

Во интервју за весникот „Република“ на прашањето дали ќе се откаже од безпартиската улога и ќе почне предизборна кампања, Монти одговори „Не знам,  навистина не знам“.

Поради можноста Монтри да поднесе оставка се очекува изборите во Италија да бидат во февруари или март, месец или два порано од претходно објавеното.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он