Монти нема да се кандидира, но би можел да ја води новата влада

Од:

Италијанскиот премиер во оставка Марио Монти изјави денеска дека нема да се кандидира на вонредните парламентарни избори во февруари следната година, но ќе ја разгледа понудата да ја води идната влада доколку некои политички партии ја поддржат неговата антикризна програма.

– Доколку некоја политичка коалиција ми понуди кредибилна програма која ќе ја поддржам, тогаш ќе бидат подготвен на понудам охрабрување, совет, па дури и лидерство ако е потребно, истакна Монти на прес-конференција.

Запрашан дали тоа значи дека е подготвен повторно да биде премиер, Монти одговорил дека „ако кредибилни политички сили побараат да бидат претседател на владата, јас тогаш ќе размислам“.

Монти, исто така, ја одби понудата на Силвио Берлускони да биде кандидат на коалицијата на десен центар на престојните избори.

Тој ја исклучи можноста да предводи некоја изборна листа, нагласувајќи дека „нема симпатии за водечките партии“.

Италијанскиот премиер во оставка истакна дека е подготвен да го понуди своето лидерство на политички сили кои ќе ја усвојат неговата програма на потребните реформи во земјата.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он