Францускиот весник „Монд“ јавно се извини поради својата најнова насловна страница со фотографија за која многумина оценија дека го споредува претседателот на Франција Емануел Макрон со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.
Од „Монд“ порачаа дека немале намера да направат таква паралела.
На контроверзната фотографија е прикажана голема буква „М“ и колаж од фотографија на Макрон и демонстрантите во жолти елеци на Елисејските полиња.
Некои читатели оценија дека фотографијата потсетува на колажот на кој се наоѓа Хитлер и луѓе кои го поздравуваат. Автор на тој колаж е Линколн Егњу и првпат е објавен во јули 2017 година.
Некои, пак, Макрон не го споредија со Хитлер, туку со Карл Маркс, па дури и со Ленин, пренесува лондонски „Телеграф“.