Момче загина во излетнички хеликоптер

Од:

Четиринаесет годишно момче загина, а три лица се повредени при пад на хеликоптер, во реката Вах, на југозападна Словачка.

Повредените се пренесени во болница во Галанта и Трнава.

Хеликоптерот кој се користел за излетнички летови ненадејно се срушил и скршил на два дела.
Момчето кое што загина е син на пилотот, а спасувачките екипи не успеале да го извлечат од хеликоптерот. Спасени се пилотот, еден маж и жена.

Противпожарната екипа во моментов се обидува да извлече од река дел од хеликоптерот, бидејќи го носела силната струја.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина