Момче уби работник во ресторан: Пукаше додека имаше куршуми

Од:

Дванаесетгодишно момче е обвинето за убиство откако уби работник во ресторан во Тексас.

Смртоносната тепачка почна, според полицијата, кога Метју Дејвис (32), вработен во ресторанот Sonic drive-in во градот Кина, забележа маж како уринира на паркингот.

Дејвис му пријде на мажот, подоцна идентификуван како Анхел Гомез (20), по што настана тепачка, се вели во полицискиот извештај.

За време на тепачката, момчето кое седело во автомобилот на Гомез, наводно ги испукало сите шест куршуми од пушката, погодувајќи го работникот во ресторанот. Дејвис итно е пренесен во блиската болница, но кратко време подоцна е прогласен за мртов.

Гомез и момчето побегнале, но неколку часа подоцна се уапсени.

Покрената е кампања GoFundMe за помош на семејството на Дејвис. Несреќниот работник зад себе ги оставил синот (10) и неговата мајка. Мајката на Дејвис, Ли Ен, работи како стјуардеса. Токму нејзините колеги покренаа кампања за собирање помош.

– Една од нашите сакани стјуардеси Ли Ен претрпе катастрофална загуба. Нејзиниот син Метју е трагично застрелан повеќе пати додека беше на работа. Тој беше пренесен во болница каде што е констатирана смрт. Ли Ен доби тажна и потресна вест. Може само да се обидеме да разбереме како се чувствува – стои на страницата.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија