Момче е убиено на фудбалски терен во Толедо

Од:

Единаесетгодишно момче било избодено до смрт на фудбалски терен во градот Мосехон кај Толедо, а потрагата по убиецот започнала веднаш. Напаѓачот е на возраст меѓу 16 и 18 години. Со качулка на главата мирно влегол на теренот, му пришол на момчето и го убил.

Се обидел да нападне и други деца, но сите успеале да се повлечат на безбедно, по што убиецот влегол во автомобил и побегнал. На местото на нападот брзо пристигнала брза помош, но немало помош за момчето.

Потврдено е дека трагедијата се случила во неделата околу 10 часот. Пред претставниците на медиумите се обрати градоначалникот на Мосехона, Консепсион Седиљо.

„Тажен ден е, градот е растргнат од болка, а иако секое убиство е болно, особено болно е убиството на невиното дете кое утрово играше фудбал со своите другари“, рече Седиљо.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени