Само неколку часа по протестот во Малме синоќа против одлуката на американскиот претседател Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, маскирани напаѓачи со запаливи бомби ја гаѓале синагогата во Гетеборг.
Настанот се случил синоќа после 22 часот, а напаѓачите фрлиле десетина молотови коктели на синагогата во момент кога во неа се одржувала забава на еврејската младина. Поради нападот присутните морало да се сокријат во подрумот до пристигнувањето на полицијата.
За нападот се приведени тројца осомничени, а во истиот немаше повредени.