Светот ќе се моли за Сирија

Од:

Католиците ширум светот денес ќе одржат молитва за мир во Сирија, во која што ќе им се приклучат и Евреи, муслимани и православни христијани, по повикот на папата Франсис.

Папата ги повика верниците да му се придружат на Плоштадот Свети Петар на молитва за мир во Сирија, во останатиот дел на Блискиот исток, но и во целиот свет, каде што постојат судири. Тој истакна дека граѓанската војна треба да се реши со дијалог, а не со воена интервенција.

На почетокот на неделата папата Франсис им напиша на лидерите на државите кои што присуствуваат на Самитот Г20, од водечките светски економии, да се откажат од таков вид решавање на проблемот во Сирија.

Молитвата за мир треба да започне во 19 часот, а големо знаме на мир ќе биде кренато во Асизиј, родното место на светецот заштитник на мирот, Светиот Франсис Ашишки, чие што име папата го зеде кога стана избран во март.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка