Моќен европски одговор на обвинувањата од Трамп

Од:

Европската Унија денес возврати на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја нарече Европа „неуспешна“ група земји управувани од „слаби“ лидери.

Главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо, одговори на острата оценка на Трамп и силно ги бранеше европските лидери.

– Многу сме задоволни и благодарни што имаме одлични лидери, почнувајќи од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која сме навистина горди, која може да нè води низ многуте предизвици со кои се соочува светот, рече Пињо.

Таа, исто така, ги пофали „многуте други лидери на чело на 27-те земји-членки кои се дел од овој европски проект, овој мировен проект, кои ја водат ЕУ низ сите предизвици со кои се соочува, од трговија до војна во нашето соседство“.

„Затоа, дозволете ми да ја искористам оваа можност да го повторам она што го чувствуваат милиони граѓани во ЕУ: Ние сме горди на нашите лидери“, заклучи таа.

Би можело да ве интересира

Стармер со критика: Семејствата страдаат поради политиките на Трамп и Путин

Трамп му постави нов ултиматум на Иран: Ги полниме бродови со муниција ако мировните преговори не успеат

Горан Наумовски

„Дејли меил“: Трамп го замоли Џ.Д. Венс да најде излез од војната со Иран

Трамп размислува за повлекување на американските трупи од Европа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трамп објави видео од маж кој со чекан убива жена: „Ако го увезеш Третиот свет, стануваш Трет свет“

Горан Наумовски

Трамп го доведе Нетанјаху до завршен чин