Мохамед ел Барадеј сепак не е именуван за привремен премиер на Египет

Од:

Поранешниот генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и актуелен лидер на египетската либерална опозиција, Мохамед ел Барадеј не е именуван за привремен премиер на Египет, иако владини претставници синоќа тврдеа дека тој ќе биде поставен на таа должност.

Ел Барадеј синоќа се сретна со привремениот претседател на Египет, Адли Мансур, но како што соопшти претседателскиот советник Ахмед ал-Муслимани, на средбата „немало официјално наименување“.

Сепак, според Ал-Муслимани, Ел Барадеј претставува „логичен избор“ од списокот на имиња кои се разгледувани како кандидати за премиерската функција.

Неименувани владини извори инфромираа дека партиите што ја подржаа смената на поранешниот претседател Мохамед Морси и се согласија по патоказите на војската за политичка транзиции, го поддржуваат изборот на Ел Барадеј за премиер, но дека се прават обиди да се обезбедни поддршка и од исламистичката партија Нур.

Нур, која е единстевната позначајна исламистичка партија што ги поддржа воените патокази за транзиција, синоќа соопшти дека нема да поддржи влада предводна од Ел Барадеј.

Морси беше сменет од должноста во средата од страна на Армијата, по што неговото движење Муслиманско братство и остантите исламистички партии започнаа протести против, како што тврдат, „воениот преврат“. Во насилните протести, судирите меѓу приврзаниците и противниците на Морси и серијата исламистички напади изминативе денови загинаа неколку десетици лица.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски